Во иднина, претседателот на државата нема да може да помилува лица кои се осомничени или обвинети, туку само оние за кои има правосулна судска пресуда дека сториле одредено кривично дело. Ова го најавува министерот за правда, Никола Тупанчевски кој изјави дека е подготвено целосно ново законско решение за да нема различни толкувања за помилувањата, бидјеќи според него тоа го овозможувало актуелното законско решение.

Примената на тој закон навистина покажа дека навистина постојат одредби коишто различно се интерпретираат. Во таа насока, се обидовме и се обидуваме да се сведат на минимум таквите можности за различното толкување на законот, така што дадени се прецизни критериуми се знае точно кои институции до каде се надлежностите и ингеренциите и практично се амолирани сите оние потенцијални можности за злоупотреба на законот за помилување, рече Тупанчевски.

Дел од правната фела стравува дека новото законско решение за помилување може да се злоупотреби за политички цели, а за да се избегне ова, предлагаат во комисиите за помилување да бидат вклучени и судиите.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.