Затворен е предметот за бонусите на екс обвинителите од СЈО. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со кое раководи Ислам Абази за Канал 5 ги потврдиле пишувањата на Сведок мк. Кривичната пријава поднесена од ВМРО ДПМНЕ беше поднесена во јануари 2021, а решението за отфрлање било донесено во декември 2023. Според пријавата екс специјалната обвинителка Катица Јанева неосновано исплатила 4,6 милиони евра бонуси на обвинителите кои се движеле од 70 до 100 илјади евра, како и за вработените и соработниците на тогашното СЈО.

-Не се констатирани отстапувања помеѓу обезбедените парични средства предвидени во финансиските планови што биле одобрени со Буџетот на ова обвинителство и реализираните парични средства во тековното работење во анализираниот период.- велат од ОЈО ГОКК.

Стои во објаснувањето од Обвинителството од каде додаваат дека надлежниот обвинител ги деклафицирал ревизорските извештаи и правилниците кои ги донела Јанева а било извршено и детално економско – финансиско вештачење. Финансиските извештаи на СЈО, велат дека биле разгледувани и од Советот на ЈО и од Собранието.

Сепак, како што пишува Сведок.мк, шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази, го донел решението за отфрлање на кривичната, откако и го одзел предметот на обвинителката Наташа Поп Трајкова која го работела и подолго време го одбивала неговото барање да го затвори поради серозноста и висината на сумата. Од ова обвинителство во врска со ова велат дека:

Наводите во споменатиот текст се целосно невистинити.

Од севкупната постапка произлезе дека дејствијата преземени од Јавниот обвинител на ова обвинителство(СЈО)….како и исплатата на додатоци на плати и надоместоци по основ на наведените акти, не претставуваат дејствие на извршување на пријавените кривични дела, ниту на други кривични дела што се гонат по службена должнос велат од ОЈО ГОКК.

Но нема одговор на прашањата на Сведок мк и Канал 5 од Обвинителството со кое раководи Абази, дали и зошто и бил одземен предметот на обвинителката Поп Трајкова особено ако се има предвид Законот за јавното обвинителство според кој обвинителството е организирано според принципите на хиерархија и субординација, но нивното почитување, пишува во членот 3, не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во вршењето на функцијата. Канал 5 побарале став и од Советот на јавните обвинители од каде велат дека не се детално запознаени со наводите иако разбрале од медиумите. Советот на ЈО, велат, не смее да се меша во работата на обвинителствата, но доколку добијат претставка ќе постапат согласно своите надлежности.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.