На вчерашното обраќање на Дрин Ахмети по повод купувањето на трговскиот центар „Соравија“ тој се обиде да го исполитизира целиот случај. Внукот на Али Ахмети се врати во воената 2001 година и залугите што ги има чичко му за Македонија.
Новопечниот бизнисмен нѐ потсети на изјавата на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски за размена на територии меѓу Македонија и Албанија.
-Немаше да имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски како ја дели државата. Али Ахмети не го потпиша тоа и вие не го цените доволно, кажа Дрин Ахмети.
Но, внукот на Ахмети заборави една многу важна работа. Тој истиот Љубчо Георгиевски сега е коалициски партнер на ДУИ и неговиот чичко Ахмети. Или пак сега бизнисот е поважен од политиката па ги зближува луѓето. Профитот пред сѐ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.