Само за оваа влада решавањето на проблемот со кучињата скитници преставува непремостлив проблем, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски е толку неспособен што ќе барал странска помош, тогаш се поставува прашањето зошто постојат институции ако за секој проблем се бара странска помош. Законска обврска е чипирање на кучињата исто како и тоа да ниту еден ветеринар не прегледува куче кое не е чипирано, а ако има такво куче треба истото да биде пријавено. Кога последен пат е направена инспекција од Агенцијата за храна и ветеринарство врз ветеринарните ординации и дали некој сопственик на куче е казнет што се откажал од својот миленик и го пуштил на улица? Срам е за институциите на државата што граѓаните сами се препуштени да се снаоѓаат и се допушта средновековни масакри врз животни. Проблемите со кучињата скитници, нападите врз луѓе како и средновековните масакри значат отсуство на функционалноста на институциите, велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.