Наместо да се тресе од нервоза и да лаже по интервјуа, Пендаровски треба да се соочи со фактот дека над 80% од народот е против уставни измени под бугарски диктат. Народот не го плаќа да глуми ароганција, туку да ги штити националните и државните интереси, реагира ВМРО-ДПМЕ за интервјуто на претседателот Пендаровски.

Да беше кадарен немаше да дозволи Македонија да влезе во замката на Бугарија во која или бесконечно ќе преговараме или асимилација.Разбираме дека Пендаровски се обидува да им се „потпикне” на СДС и ДУИ за да го кандидираат пак за Претседател, па затоа користи ваква реторика. Но кога веќе народот го помножува со нула, што ли ќе прави Пендаровски ако СДС го извиси? Дали можеби планира да ја оствари својата намера и да се отсели од Македонија?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.