Го повикуваме Ковачевски да не се прави наудрен и да се однесува како да е некој експерт без одговорност, а не премиер на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Не ни е јасно како може вака да се чуди. Ако навистина се чуди за Мерко и за други од партијата што го има киднапирано ДУИ, нека ги види нашите соопштенија прес, конференции, алармирања изминативе години.
Го прашуваме дали бил досега во Струга, дали никој ама баш никој досега не му кажал што се случува таму и како живеат Македонците и што прави градоначалникот секојдневно.
Како штанцаат факултетски дипломи од неговиот факултет, како прави бизниси и контролира се живо.
Ако не му кажал никој тогаш има друг проблем и еднакво е неспособен и неподобен да биде премиер. За да не рече не му кажал никој досега, еве ние секојдневно кажуваме дека ДУИ плива во криминал.
И најмалце што може да направи е да ги одземе ингеренциите на градоначалникот на Струга, што како влада може, и додека не се разрешат сите сомненија, владата да управува со градот.
Во спротивно ако не постапи туку само како љубопитен комшија се чуди, тогаш ќе докаже по којзнае кој пат дека и самиот е дел од корумпираниот систем.
Инаку да го потсетиме во меѓувреме министер за внатрешни работи кој требало и можел да преземе конкретни мерки против Мерко е истиот министер изминативе 7 години во државава, Оливер Спасовски. А надреден на тој министер е премиерот, Ковачевски. Исто така Љубе Бошкоски му е специјален советник.
Така да нека не префрла топка на обвинителството и нека не се прави недоветен со сила. Се му е јасно на Ковачевски нека не се чуди, и самиот е дел од корумпираниот систем, самиот се има продадено на ДУИ, за бизнисчиња за земјиштето за изградба на фотоволтаици на неговата сопруга, тендери во аферата Броило со неговиот кум, и така натаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.