Времето кога ДУИ можеше да се заканува со војна заврши, сега е време кога ќе треба да одговараат за криминалот кој го правеле и да завршат во затвор, не затоа што се Албанци, туку криминалци. Груби наместо да ги окупира партиските меилови за праќање на соопштенија за одбрана на неговиот криминал, да каже како неговиот брат се стекнал со дуќан од половина милион евра сред Скопје, а неговата фирма со години е во загуба? – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Груби да намали со хистеријата која ја шири и да одговори на прашањето како шалтерски работник на брат му добива акредитација за лабораторија за баждарење на инструментите за точење нафтени деривати и течен нафтен гас на бензинските?

Груби и ДУИ се најголемиот сатрап на Албанците во Македонија, додека тие се богатат обичниот народ се иселува.

Ја разбираме нервозата кај Груби и ДУИ, а таа е предизвикана од фактот што по изборите тие ќе треба да се соочат со нова реалност, да заминат во опозиција.

Груби и ДУИ се нервозни зошто нема да можат да продолжат со криминалот“ – посочуваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.