Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ вели дека пред два дена се објавил оглас за нови вработување во АД ЕСМ кој трае 3 (три) дена.
Се бараат 2 вработувања во РЕК Битола, 11 во Дирекција на АД ЕСМ -Скопје, 8 во Енергетика и 1 во ХЕЦ Тиквеш. Вкупно 22 нововработени во АД ЕСМ. Што е заедничко на овој оглас за вработување?Вработувањето на голем број непродуктивни и бескорисни партиски кадри од СДС и ДУИ во државните институции е главната одлика на оваа гарнитура на власт. Тоа резултира со тотално фијаско на функционирањето на државата и сите нејзини институции. Од неспособни вработени по партиска линија следи и пропаст на сите инситуции. Дали и со овој оглас имаме вработување на нови неспособни партиски послушници, кои треба да се вдомат и да си земаат високи плати на сметка на граѓаните? Дали главниот услов за да се вдоми некој е да биде член на СДС или на ДУИ и неговото име и презиме треба да се најде на посебната листа од партиите на власт. Сите други „ничии“ деца кои ќе се пријават на огласот ќе отпаднат иако ги исполнуваат другите услови, велат од Комисијата.
Посочуваат дека интересно е што сите места од огласот се работни места во дирекција и во непроизводните сектори во ЕЛЕМ.
Значи засилување на “паразитите“ кои се натрупани во АД ЕЛЕМ и пречат на нормално вработените кои си ја знаат работата. Има недоволен број на оператори и ракувачи на погонските единици во производство, за ископ на јаглен и слични работни места, но во овој оглас нема такви вработувања затоа што тоа не се работни места за миленичињата од власта. Пример, во РЕК Битола сега се бара помошник директор за производство. Па зарем нема доволно стручен кадар во РЕК Битола па мора од надвор да се бара? Дали и со ова ќе се вдоми некој нов „паразит“- кадар од некоја коалициона партија во власта? Времето ќе покаже, а тогаш одговорност ќе има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.