Во насока на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе одржи целодневен настан во објектот на Македонската филхармонија, кој ќе финишира со отчет за првите сто дена од управувањето на општините од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од партијата. Слоганот под кој ќе се одржи настанот е „ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА” – 100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
На настанот ќе биде презентирано она што е сработено во изминатиот период од 100 дена. Свое обраќање во 17:00 часот ќе им претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, а ма овој говор ќе претходат три одделни панел дискусии на три различни теми.
Во 11:30 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: ШТО НАСЛЕДИЈА ОПШТИНИТЕ.
Учесници: Гордана Димитриевска Кочоска, Маја Кадиевска Војновиќ, Гоце Димовски, Миле Лефков.
Модератор: Марија Митева.
Во 13:00 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: ЕВРОПСКИТЕ ПРАКТИКИ ВО ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ.
Учесници: Гордана Сиљановска Давкова, Трајко Славески, Зоран Љутков, Сашо Клековски.
Модератор: Наум Стоилковски.
Во 14:30 часот во малата сала на Македонска Филхармонија ќе има дискусија на тема: МЛАДИТЕ И НИВНИТЕ ПЕРСПЕКТИВА ВО ОПШТИНИТЕ.
Учесници: Иванка Василевска, Сергеј Попов, Невена Величковска, Стефан Андоновски.
Модератор: Димче Арсовски.
Во наредниот тринеделен период ќе бидат организирани и 6 регионални отчети низ Македонија каде поединечно ќе бидат презентирани проектите кои се сработени, додаваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.