Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ коментира дека владејачкото мнозинство делува како раштиман оркестар.
Коментарот следи по денешниот брифинг со новинарите, на кој министерот за надворешни рабои, Бујар Османи рече дека фалат околу осум пратеници за гласање на уставните измени.
Според ВМРО-ДПМНЕ, секое излегување на министерот на јавната сцена е посмешно и поконтрадикторно од претходното.
„Еднаш велеа дека имаат мнозинство за уставни измени, а сега им фалеле само осум пратеници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, притоа додавајќи дека вистината е сосема поинаква, односно пратеници од мнозинството, меѓу кои и од Социјалдемократскиот сојуз застануваат на страната против уставните измени, под овие услови.
ВМРО-ДПМНЕ коментира дека разногласие има и во самата ДУИ, па додека собранискиот спикер Џафери вели дека уставните измени може да не се стават на гласање во август, друго говори министерот Бујар Османи.
Опозицијата повтори дека решение е спроведувањето на предвремени избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.