Власта на СДСМ и ДУИ ги доведе граѓаните и компаниите до просјачки стап. Мерките и предлозите кои ги донесоа се задоцнети и недоволни за справување со кризата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека доколку власта не водела инает и ги прифатела предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и стопанството ќе беа помалку оштетени од новите поскапувања, веќе 2 недели граѓаните ќе имаа намалени акцизи од 50%, за горива, а со откажување од ДДВ за основни прехранбени продукти, и поевтини намирници.
-Наместо да ги прифати предлозите на ВМРО-ДПМНЕ од пред две недели, сега владата избрзано во 5 до 12 носи комплицирани и недоволни мерки во справувањето со кризата. Во првите 2 месеци во Македонија имаме инфлација од скоро 8%, а од овој месец инфлацијата ќе биде и двоцифрена. Секој ден имаме нови покачување, покачување на цената на нафтените деривати, струјата, основните продукти, ама нема покачување на платите и пензиите. Додека власта троши за свој луксуз, додека набавува нов мебел, купуваат нови коли, во државата имаме најава за затворање на мали и средни бизниси, отпуштање на вработени, стои во соопштението.
Додека граѓаните секојдневно се соочуваат со ценовен шок и покачени цени на продуктите, власта секој ден вработува нови партиски послушници.
Ја повикуваме владата во најбрз можен рок да направи ребаланс на Буџет и да се откажат од сите непродуктивните трошоци. Да се откажат од луксузирањата и парите да ги пренасочат кон граѓаните и намалување на последиците од кризата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.