Владата наместо да им се заканува на наставниците да ги покачи платите согласно барањата на СОНК. Владата мора да го нивелира коефициентот на сложеност на работните места во образованието со минималната плата и да изврши зголемување на платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо да ги исполни оправданите барања на наставниците СДСМ преку нивните пајташи им се заканува и ги нарекува убијци. Заканувачките графити на образовен објект во општина Ѓорче Петров покажува само колку власта е исплашена, и мисли дека со закани може да купи мир. Наставниците не заслужуваат закани и притисоци, бидејќи тие се еден од столбовите на ова и секое општество. Затоа ги повикуваме и ОБСЕ и меѓународната заедница да ги осудат ваквите притисоци и закани, велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.