Економијата и бизнисот тонат, а расте криминалот и корупцијата покажува новата анкета спроведена од агенцијата Маркет вижн од 5 до 16 јуни, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
На прашањето, според вас кој е најважниот проблен со кој се соочува државата, дури 43,6 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека најголем проблем е економијата и намалената економска активност, додека пак 26.7 проценти од испитаниците сметаат дека најголем проблем со кој се соочува Македонија е нефункционирањето на правниот систем, односно слабата борба со криминалот и корупцијата. На прашањето дали сметате дека корупцијата расте, односно дека е повисока од минатата година, повеќе од половина односно 79.8 од граѓаните сметаат дека за само 6 месеци корупцијата во земјата расте и дека е повисока од минатата 2022ра година. Ова е потврда дека граѓаните сметаат за Димитар Ковачевски и Али Ахмети дека се криминалци, а целата влада корумпирана. Граѓаните не веруваат во економските политики на владата, односно дури 49.5 проценти од испитаниците сметаат дека нивниот животен стандар ќе остане ист, додека пак 66.1 процент од граѓаните не очекуваат владата на СДС и ДУИ до крајот на својот мандат да донесе подобрување на економијата, велат од партијата.
Од таму додаваат дека граѓаните не сметаат ниту дека Ковачевски и владата на СДС и ДУИ има капацитет да донесе добри економска програма. На прашањето која политичка партија има капацитет да креира и реализира најдобра економска програма, дури 13.5 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДС само 8.3 проценти од испитаниците.
Ова се поразителни бројки за владата на СДС и ДУИ. Рејтингот на СДС од ден на ден паѓа. Ковачевски со катастрофалната политика која ја спроведува ја донесе СДС до непрепознатлива партија. Владата на СДС и ДУИ е детронизирана, стои во нивното соопштение до јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.