Владата да каже колку изнесуваат загубите од откажувањето од еврообврзницата, и кој ќе понесе одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата треба да плати провизии на 4 меѓународни финансиски институции кои го воделе процесот за издавање на обврзницата, тоа е обврска на власта, и тоа се пари кои сега се плаќаат без основ.
Ковачевски заради аматерскиот пристап кон процесот за издавање на еврообврзницата ја оштети државата за милиони кои треба да бидат платени на име провизии, а потоа го наруши и кредитната репутација на државата.
Која сериозна финансиска институција ќе сака да позајми пари на држава која откажува издавање на обврзница, заради политичка нестабилност во владата? И доколку позајми, каматите ќе бидат поголеми.
Лошата репутација која ја предизвика Ковачевски ќе ја следи Македонија подолг период, и потребно е време и сериозен пристап за да се исправи сликата за државата.
Нема поле на кое Ковачевски и СДС не ја посрамотија Македонија.
Потребни се промени на власта, за ваквите бламирања на државата да не продолжат да бидат пракса и во иднина, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.