Десетици илјади граѓани се очекуваат на денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ во 20 часот пред Владата. „Протест за промени, затоа што премногу е“ е мотото на вечерашниот собир.
Како што велат од партијата не можат да се набројат причините зошто се одлучиле на ваков собир но најважни се понижувањата што ги трпиме како дома така и од надвор.
Македонија е потоната во сиромаштија, беда, високи цени на основните прехранбени производи, најскапи горива во регионот, скапа електрична енергија, ниски плати, висока инфлација, руинирано здравство, катастрофално образование, економски колапс, распродадени национални и државни интереси и понижување од Бугарија, зголемен број на иселени граѓани, криминал, корупција, тендери во четири очи, се работите со кои се соочуваат граѓаните изминатите пет години со владата на СДСМ и ДУИ.
Затоа, сево ова може да се промени со избори и со доаѓање на одговорна и чесна власт која ќе работи за доброто на граѓаните.
Ова се работи кои ги мачат сите граѓани и токму затоа мораме заедно да ја промениме лошата реалност.
Доста е од поделби. Доста е од препукувања. Доста е од популизам. Доаѓа време кога мораме да се избориме за систем, вредности, сигурност и иднина-велат од ВМРО-ДПМНЕ.Корист од состојбата во која се наоѓаме имаат единствено функционерите на владата на СДСМ и ДУИ.
Криминална влада не се руши само со една битка, туку со многу битки и труд. Но, само обединети и сплотени можеме да се избориме со оваа ненародна и корумпирана власт-додаваат од опозицијата.
Од партијатата велат дека се оградудуват од секакви инфилтрирани личности кои имаат за цел да предзвикаат некаков инцидент за време на собирот.
За граѓаните од цела Македонија е организиран превоз со цел што поголем број граѓани да дојдат денеска во Скопје и да се испрати силна порака за промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.