Според СДСМ Славјанка Петровска во исто време е и министер и пратеник, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

На веб страницата на СДСМ во делот на пратеничка група, Славјанка Петровска е составен дел од пратеничката група, иако таа повеќе од половина година е министер за одбрана. Според СДСМ Петровска е и министер и пратеник. Ова ја отсликува реалноста во власта. СДСМ и на Извршната власт и на Законодавната власт гледа како на едно исто, односно Собранието за нив е само извршител на владата. Предавникот Ковачевски и неговите ментори носат одлука, а пратениците на СДСМ се само гласачка машина, велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.