Владата на СДС и Димитар Ковачевски свесно создадоа хаос со промена на патните исправи. Првото понижување владата на СДС и Ковачевски го направи со промена на уставното име. Потоа, со промената на личните документи, а сега и со тоа што Република Грција го информира светот дека патните исправи на граѓаните од Македонија од 12 февруари се неважечки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Грција буквално слави победа над Македонија, а Ковачевски збор не изустува. Каде е сега Ковачевски да зборува за проевропски вредности и принципи? Ова ли е таа проевропска вредност? Па во која друга земја од Европската унија се случува ова кое што се случува во Македонија и тоа само поради попустливите политики на владата на СДС и Ковачевски? Владата на СДС и Ковачевски ја понижија државата и граѓаните каде стигнат, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: „Ова ли е проевропска вредност, да ги малтретираш сопствените граѓани да си ги менуваат патните исправи и да им создаваш дополнителни трошоци“?

Дополнително, вина за ваквата состојба има и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој свесно ја остава МВР без обрасци, за народот да се револтира. Кога ВМРО-ДПМНЕ информираше дека недостасуваат обрасци, Спасовски и Ковачевски не обвинува дека манипулираме со јавноста, за денеска да се испостави дека единствени што лажат и манипулираат се токму тие од СДС. Мора да се стави на овој хаос. Колку побрзо заминат СДС и ДУИ, толку подобро. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.