Партизираност на институцијата, треба да одговорат дали истото соопштение го пишувале Нина Ангеловска поранешна министерка за финансии од владата на Заев, во време кога Ковачевски и беше заменик, а сега член на одборот на директори на Телеком. Или пак тоа е пишувано од Зоран Китанов кој исто е член на одборот на директори на Телеком, а поранешен директор на Агенцијата за патишта. Или пак од Шкодране Дардишта која исто е член на одборот на директори на Телеком, а како кадар на ДУИ беше 12 годишен директор на службите на државна клиника и позната по заканите за етничка војна во државава. Или пак истото соопштение го пишувал Садула Дураку како сегашен член на одборот на директори на Телеком, а поранешен министер на ДУИ за животна средина.
Ваквите автоголови на партизираното раководство на Телеком не се соодветно објаснување за аферата „Паразити” и платите тешки неколку илјади евра кои ги земаат членовите на раководството на Телеком како што е Никола Љушев, туку тежок блам за компанијата и владата на СДС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.