Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ и Ковачевски како дезертер од АРМ поддржуваат премиер да биде Талат Џафери кој дезертираше од македонската армија.
Истакнуваат дека СДСМ и Ковачевски поддржуваат премиер да биде лице кое го блокираше законот за македонските бранители.
-СДС и Ковачевски поддржуваат премиер да биде лице коe од позиција на претседател на Собранието со навреди, пцовки им се обраќаше на собраниските службеници. Сите можеа да го видат примитивното однесување на Џафери. СДС и Ковачевски прифаќаат и поддржуваат премиер да биде лице кое ги крши собраниските процедури, Деловникот за работа на Собранието, и го користи европското знаменце само кога треба да се донесе закон кој е во интерес само на помала група на луѓе блиска до ДУИ, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата ДУИ целосно се криминализира изминатите 6 години и ДУИ ги избрка и Македонците и Албанците од Македонија.
-Ковачевски кој нема легитимитет ќе го наследи Талат Џафери, кој исто како него нема легитимитет. СДС и ДУИ од премиерското место направија фотелја за поткусурување, државата е заложник на партиските пазарења.СДС и ДУИ се дувло на криминал. Тие почнаа да се пазарат и за премиерската фотелја. Ковачевски покажа дека е слуга во владата од која на 28ми јануари следната година ќе се исели од премиерскиот кабинет за да се смести неговиот стопан од ДУИ, Талат Џафери, се наведува во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.