СДС и Ковачевски ја доведоа Македонија до ќорсокак затоа што без мандат прифатија и ветуваа нешто со кое не се согласува 80% од граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа сега ако имаат доблест и храброст треба да прифатат соочување со народот на избори и на тие избори јасно да се искристализираат чекорите и политиките на државата.

 

Но за жал СДС и Ковачевски избраа да бидат приврзок во владата на ДУИ, наместо да им служат на граѓаните. Тие дури и формат и присуство на лидерска средба не можат да одлучат без согласност од Мала Речица.

 

Ги охрабрува и СДС и Ковачевски да се случи таа тет-а-тет лидерска средба на која ќе се одлучи што после насилниот обид на власта за уставни измени, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.