СДС се власт уште четири месеци, а потоа одат во долга опозиција. Седум години СДС не покажаа ништо друго освен криминал, корупција и проблеми за граѓаните. Додека останатите држави од регионот имаат 50% раст на БДП по глава на жител, во Македонија со СДС растот е само 20%. Седум години институциите им служат само како алатка за делење на тендери и полнење со партиски кадри, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Седум години Македонија тоне на полето на владеење на правото. Судството бележи доверба од само 2%, затоа што е по јаремот на власта. Образованието е девастирано, нема септември изминативе години, а да имало учебници за учениците. Книги се чекаа и до јануари. Здравството е на колена нема основни терапии, а лицата со ретки болести се целосно запоставени. СДС е уште само 4 месеци власт, зошто никогаш не било полошо, и затоа важно е да ги поразиме – велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.