Зборот на СДС е дувни ветре развигорче и нема никаква вредност. Со денови се силеа, меѓу кој и Ковачевски дека нема да гласаат за техничка влада која нема да ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ, а денес се „нацртаа“ да гласаат за Талат Џафери за премиер, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Што е тоа со кое ДУИ ја уценува СДС, па тие на поклон се должни да им ја дадат државата? Дали преку Талат премиер СДС си ја купува власта? Со СДС и ДУИ народот ја губи државата. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, истакнаа од опозициската партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.