Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштението на СДСМ, во кое се наведува дека Христијан Мицкоски во 2022 година ги лажел граѓаните.

Како што владееше цела година, СДС продолжува и во последниот ден од годината со лаги, клевети и манипулации.

 

Добро е да се знае дека се што кажува СДС е лага, а дека тоа е така потврди и нивниот суд кој ја осуди за ширење на клевети врз лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

СДС е партијата осудена дека клевети од нивниот суд, а во новата година на дело ја објавија новата коалиција СДС, Левица, ДУИ која е позната по заедничкото гласање, блокадите и кочењата во општините Аеродром, Охрид, Гевгелија, Свети Николе, Бутел, Велес, Прилеп и многу други општини.

 

Разбираме дека Мицкоски е најголема фрустрација на Ковачевски затоа што се спрема и политичка пензија за Ковачевски а тоа ќе значи избори, нова и одговорна влада.

 

Во СДС има многу внатрепартиски проблеми а борбата е по функции, тендери и пари. Додека виси фотелјата на Ковачевски секој дефокус само им ги продлабочува проблемите.

Наместо да се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ им препорачуваме на социјалдемократите да си погледнат во својот двор и многу повеќе да се занимаваат со државата каде има алармантни состојби и многу криминал.

 

Додека СДС блуе лаги кон ВМРО-ДПМНЕ броилото на Ковачевски и неговиот кум работи. Неговата сопруга станува преку ноќ бизнисмен, Артан Груби и Крешник Бектеши си вработуваат членови на најтесната фамилија, а Зечевиќ продолжува да биде најголемиот промотор на криминалот.

 

Во новата година оваа влада ќе падне, за да Македонија се крене, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.