ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската етничка заедница, им го честита Меѓународниот ден на Ромите, 8. Април.
Ромската заедница претставува важен сегмент во градење на соживот и меѓусебно почитување во нашата држава. Обезбедување на квалитетен живот, подигање на животниот стандард за сите граѓани, подобра иднина и развој на економијата се приоритет за кои се залага ВМРО-ДПМНЕ.
Ромската заедница, култура, традиција и обичаи се дел од нашата заедничка сегашност. До сега сме докажале дека како партија работи во интерес на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или политичка определба.
Во таа насока ќе продолжиме и во иднина да се залагаме за целосна инклузија на Ромите во општеството, да работиме за унапредување на нивните права, почитување на принципот за еднаквост, солидарност и недискриминација.
Воедно во овие моменти кога државата и граѓаните се соочуваат со девастација на секое поле, потребно е да дејствуваме сплотено, посветено се со цел обезбедување на подобра иднина на сегашните и идните генерации, се вели во честитката на ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската заедница им посакува успех и благосостојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.