Повеќе сликање и импровизирање, помалку конкретно и суштинско подобрување на состојбите на Универзитетскиот институт за радиологија каде се третираат пациенти од цела држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Без соодветна грижа за кадар е оставен и овој Институт единствен од ваков вид во државата, а како резултат на негрижата во кадар читањето резултати од соодветните дијагностички процедури трае со месеци, а тоа е клучно за натамошниот третман

Новиот мамомат со кој се сликаат здравствените власти се монтира во импровизиран простор кој дури не може и да се нарече просторија

Просторот е преграден само со еден ѕид од каде излегуваат рефрактирачки зраци и се зрачат пациенти кои прават прегледи или третман на некој од другите оддели

На Институтот за радиологија кровот протекува во соба за технолози и истиот е пред распаѓање, но мерки не се преземени

Во просторијата КТ 2 вратите не се затвораат во целост и постои опасност од ширење радијација

Во просторијата МР2 нема греење во ходникот и деновите кога има деца за кои е неопходна анестезија, тие мрзнат односно се третираат во недостоинствени и нехумани услови

За сликање и промовирање служат само просториите каде се сменети прозорците и подот до лекарската соба, досека сите други подови се стари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.