Потребни се избори, за влада избрана од народот, а не премиер слуга на Ахмети и на ланец на Левица.Ковачевски е послушник на Ахмети за ден повеќе да остане на власт. Додека Ковачевски е премиер, од него формирамата Пиксел груп, управувана од неговиот кум го шири бизнисот низ државата. За да може да цветаат бизнисите на блиските до Ковачевски, тој е послушник на Ахмети, кој го одржува на власт – стои во соопштенението на ВМРО-ДПМНЕ

Понатаму додаваат:

Другиот стопан на Ковачевски е Левица, тие го држат на ланец, а таа коалиција се гледа во град Скопје каде заедно владеат и делат директорски места.

Левица глуми патриотизам кога на Ковачевски тоа му е потребно, а во суштина се како руски олигарси, кои црпат од институциите каде директоруваат.

Ковачевски не може да остане долго на власт, зошто и самиот не знае на кого повеќе да му угоди. Потребни се избори и влада избрана од народот, а не премиер поставен без мандат од народот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.