Заради неспособниот Ковачевски инфлацијата во Македонија за 50% поголема од таа во Еврозоната. Бројките на ДЗС и Евростат покажуваат дека Ковачевски лаже кога вели дека инфлацијата е увезена. Во ЕУ истата е 4.3%, во Македонија во истиот период 6.6%, тоа е за 50% повисока инфлација, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што народот можел да го купи со 500 денари пред да дојде СДС на власт, сега не може ниту со 1.000 денари.
Цените постојано се зголемуваат, а платите не само што не се исти, туку бележат и пад.
Имено падот на реалната плата изнесува над 5%, во 2022 година.
Падот на реалната плата, и не запирливиот раст на инфлацијата ги носи граѓаните кон сиромаштија и оваа власт нема ниту идеја, ниту знаење како тоа да го запре.
За Македонија да тргне напред, за да запрат катастрофите и поразите потребни се промени, оваа власт мора да замине што поскоро“ – велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.