Власта потпиша катастрофален договор со Бугарија во однос на македонските национални прашања, а тоа всушност го гледаме и со реализацијата на тој договор, еве првите чекори ги гледаме со промената на историските факти во однос на средниот век. Ние ВМРО-ДПМНЕ не сме се откажале од референдумот, туку активно и интензивно работиме, ние кажавме дека на крајот на овој месец и почетокот на септември ќе излеземе со конкретни позиции во однос на прашањето и на начинот на кој што би се реализирал овој референдум. Се надевам дека од власта ќе соберат доволно храброст и ќе дадат можност на народот да го каже своето мислење во однос на бугарскиот предлог и во однос на овој спорен договор што го потпишаа“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во гостување во дневникот на Канал 5 телевизија.

Николоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ останува на планот за тоа да народот каже на референдум што мисли по однос на спорниот предлог и што мисли по однос на промената на македонскиот јазик, македонската историја, култура и самобитноста на македонскиот народ.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во текот на својата изјава се осврна и на менување на Уставот каде што нагласи дека власта нема поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени и дека истите ќе паднат во Собранието.

Претседателот на партијата Мицкоски јасно кажа уште некаде пред две недели дека власта има два избори, едниот избор е да го пушти предлогот во Собрание и да види дали има или нема поддршка односно нема поддршка за уставни измени. И затоа што нема поддршка власта за уставни измени, да се организираат предвремени парламентарни избори. Така што еве ја повикувам власта нека го пуштат овој предлог во Собрание да видат дека немаат поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Предлозите за уставни измени ќе паднат во Собранието и после тоа да одиме на предвремени парламентарни избори затоа што власта е делегитимирана и на ниеден начин не може оваа коалиција на СДСМ и ДУИ да остане на власт, затоа што направија национално понижување на македонскиот народ. А, во моментов целиот народ гледа и каква економска катастрофа надоаѓа во цела Македонија со почетокот на есента, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.