„Предвремени парламентарни избори треба да се случат, за да народот го каже сопственото мислење. Мене ми е јасно дека СДСМ се соочени со катастрофално нискиот рејтинг кој што го имаат и молат Господ да не се случат предвремени парламентарни избори, не затоа што би можеле на било што да се надеваат на редовни избори бидејќи знаат дека и на тие избори ќе бидат катастрофално поразени, туку за да добијат уште некоја година или година и половина да продолжат да ја пустошат и да ја крадат Македонија. А, нема ден, нема час да не видиме или тендер со еден учесник каде што магично ниедна друга компанија освен таа која што добива не се пријавува на тендерот, или пак да видиме договори во четири очи. Што значи дека оваа Влада односно конкретно СДСМ се однесува како или сега или никогаш во делот на злоупотреба и крадење, има една масовна пљачка на сите нивоа на власта која што се случува и за која што ќе се одговара после предвремените парламентарни избори“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во гостување во дневникот на Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека во моментов поради неспособноста на власта граѓаните плаќаат повисоки сметки за електрична енергија за 50-тина проценти, а фирмите плаќаат сметки повисоки некаде од 300 до 500%.

„Во однос на економскиот дел сето она кое што го зборувавме наназад веќе се реализира, сметките кај граѓаните стигаат, кои што се некаде за 50-тина проценти повисоки од она што го плаќаа претходно. А, сметките па кај компаниите се некаде 300 до 500% повисоки, односно фирмите плаќаат од 3 до 5 пати повеќе за електрична енергија, што на еден краток рок ќе донесе до отпуштања, бројни отпуштања на работници од овие фирми. И граѓаните ќе останат на улица, и ќе немаат буквално како да ги прехранат сопствените семејства во текот на зимава“, појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Така што оваа комбинација на национално понижување, и на економска катастрофа проследена со криминалот покажува какви неспособни криминалци ја водат во моментов Македонија и тоа е основната причина зошто се потребни предвремени парламентарни избори“, рече Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.