Денеска  во 13:00 часот, во црквата Св. Богородица – Калишта, Струга, ќе се одржи свеченост по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј.

Во рамки на свеченоста ќе се одржи трибина под наслов “Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!” на која ќе се обратат:

-Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ,

-Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот Богословски факултет Св. Климент Охридски – Скопје,

-Митко Панов, редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ – Скопје.

На настанот свечен говор пред присутните ќе има и Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.