Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во гостувањето на Сител изјави дека очекува од владејачкото мнозинство да не се обиде да го „саботира“ референдумот и да дозволи оваа Иницијатива да продолжи согласно законите и согласно Деловникот.
-Она што ние го очекуваме од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери е да постапува согласно законите и согласно Деловникот односно согласно со неговите надлежности. Очекуваме да не се обидуваат да изнаоѓаат разни начини да го саботираат практично референдумското изјаснување односно да дозволат да продолжи оваа иницијатива согласно законите и согласно Деловникот, рече Ковачки.
Тој смета дека граѓаните треба да бидат прашани дали се ЗА или Против Бугарскиот Договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.