Денес на митингот на Стево Пендаровски во Куманово беа изнесени сексистички навреди кон кандидатот за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Овие изјави во официјален дел од митингот и пред целокупната јавност ги искажа активист на Пендаровски и тоа во негово присуство и да биде уште пожалосно во присуство на портпаролката на СДС Богданка Кузеска.

Најстрашното од се е после искажаните навреди кои се однесуваа на возраста и полот на кандидатката, никој на тоа не реагираше, ниту проба да го спречи активистот, ниту се огради, ниту се извини. Напротив тие дури и му се заблагодарија за неговиот настап.

Ова е бедно и жалосно, на кое дереџе дојде Пендаровски.

Да се навредуваат неговите против кандидати, а тој на тоа само да се смее и да се заблагодарува. Очигледно очајот и нервозата на СДС и Пендаровски се толку големи што веќе не бираат средства како да се пресметаат со Силјановска Давкова. Немаат аргументи, бегаат од дебати, бегаат од дуели и сега почнаа криејќи се од нивните активисти да блујат омраза, навреди и лаги.

Народот сето ова го гледа и сето ова ќе го казни. А повикуваме и надлежните институциите да реагираат,затоа што и од Стево да е премногу е, се наведува во партиската реакција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.