Ја разбираме нервозата на СДС, впрочем и нема анкета на која што водат. Не е проблемот до бројките, туку до неспособноста и криминалот на владата водена од ДУИ и СДС. Бројките се само одраз на незадоволството на народот од неспособноста на Ковачевски и Ахмети – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ на анкетата на МКД.мк во која опозицијата ја ужива довербата кај граѓаните.
Тие велат:
Не може Груби од батлер во амбасада да стане милионер, или Ковачевски во јавноста да шири шовинизам и да навредува, а зад камерите да му врти броилото од бизнисот со соларни панели, и да мисли дека народот не го гледа сето ова.
Поддршката за ВМРО ДПМНЕ значи дека народот гледа надеж, а за нас тоа значи одговорност да ја извадиме земјата од калта на криминалот и неспособноста на СДС и ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.