Над 100 наши сограѓани годишно собираат пари за лекување, на клиниките редовно недостасуваат лекови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ветување за бесплатно здравство од власта, до отворање на број за донации за лекување речиси секој 3-ти ден, затоа што Фондот не го покрива лекувањето на пациентите.
Со СДС и ДУИ народот е оставен на солидарноста помеѓу себе, власта не прави ништо да му помогне.
Редовно недостасуваат и лекови по клиниките. Чести се недостатоците на инсулин.
Пациентите често се принудени основни работи за апликација на одреден лек во клинички услови да купуваат сами.
За пациентите со ретки болести, власта заборава во целост, тие се оставени да се мачат. Пациентите болни од цистична фиброза со месеци молеа за Трикафта, за на крај повторно да не добијат сите. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, стои во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.