Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и на врапчињата веќе им е јасно дека уставни измени, под бугарски диктат, нема да се случат и тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи.

На оската ДУИ, СДС и Груевски, не им успеа ни последниот план, кој беше осуетен на време и спречен, каде имаше тргување со амнестија, со што се одбранија националните интереси на Република Македонија.

 

За да не се троши повеќе времето на граѓаните и државата, потребни се брзи избори, каде народот ќе си го каже својот став по ова прашање, само така е одговорно и доследно да се направи, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.