Нема ниту мајоризација, ниту шовинизам, ниту е важно што Ахмети имал чувство на навреденост, важно е што волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција и се соочи со одговорност, одоговорија од ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Али Ахмети.
Ако одењето на ДУИ во опозиција е кршење на Рамковниот договор, тогаш и Али Ахмети го прекрши кога реши да ја изостави ВМРО-ДПМНЕ од владата и не го почитуваше резултатот на изборите 2016-та година каде победи ВМРО-ДПМНЕ. Што само значи дека почитувањето на Охридскиот договор нема врска со фактот дали ДУИ е власт или опозиција.
Ахмети треба да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката која не е негова, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е СДС, ниту пак одењето на ДУИ има некаква врска со односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Албанците. Затоа што ДУИ не се само Албанците во Македонија, ДУИ е сегментот кој ги крадеше Албанците исто како и Македонците. Ако Ахмети мисли дека нови и антидржавни етнички барања преточени во документи и платформи ќе го спаси од одење во опозиција и ќе ги сокрие криминалите на неговата партија, треба да знае само дека тоа забрзано ќе му ја заврши кариерата.
Првото ветување исполнето, ДУИ оди во опозиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.