Владата на Ковачевски ги крши здравствените протоколи и го загрозува здравјето и животот на граѓаните. Во влада не се носат маски, иако тоа е пропишано за секој граѓанин и за секој затворен простор. Лицемерите од СДСМ се водат по правилото слушај ме што зборам, а не ме гледај што правам, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека таму кај што застанал Заев со прекршувањето на закони, прописи и ограничувања, продолжи Ковачевски.
Ковачевски треба да биде пример и оттука одговорноста кај него е многу поголема од било кој друг граѓанин. Бидејќи Ковачевски крши закони и правила и загрозува здравје на граѓани сред пандемија, очекуваме Државниот здравствен инспекторат да му поднесе кривична пријава, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.