Димитар Ковачевски не се секира за економијата и стандардот на граѓаните, ама за тоа бизнисот на неговата сопруга цвета, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Целосен молк од Ковачевски за скандалот со купувањето на земјиште од 1.119 м2 од страна на неговата сопруга за багателна цена од 70 денари за м2. Целата зделка за која 1.119 м2 се продаваат за скоро 1.300 евра, оди преку Владата на ДУИ и СДС со потпис токму на Артан Груби. Еден ден Ковачевски аминува и потпишува, Груби краде и се богати. Другиот ден Груби аминува и потпишува, Ковачевски си го шири фамилијарниот бизнис и добива државно земјиште за багателна цена. А, економијата во државата секој ден тоне се повеќе, а граѓаните не знаат како да го поминат месецот. Потписот од страна на Груби за земјиштето кое ќе го добие сопругата на Ковачевски, е наградата за Димитар Ковачевски за јавната одбрана за криминалот со надзорот на автопатиштата кој го направија ДУИ и Артан Груби, Е ова е еклатантен пример како се пљачкаат граѓаните и државата. Додека граѓаните со месеци и години чекаат за легализација на имот или пак пренамена на земјиште, криминалците на власт за побрзо и енормно да се збогатат тоа го прават за еден ден. Криминалците од ДУИ и СДС кога се работи за криминал и богатење се како сложни браќа и целосно си се штитат. ДСКС не треба да премижи на овој еклатантен пример за судир на интереси кај фамилијата Ковачевски, истакнуваат од опозициската партија.
СДС и ДУИ ако мислат дека со вакво замајување на јавноста, ако едниот се потпише за другиот, нема да одговараат за криминалот, се излажале. За многу скоро за секој криминал ќе има одговорност, додаваат од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.