На криминалите и шемите на дуото Ковачевски-Груби им нема крај. Во постапката за изградба на автопати во Македонија, коридорот 8 и коридорот 10, бизниси кои вредат 22 милиони евра добиваат фирми, кои само пред неколку години имале забрана, поради неетичко и незаконско постапување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Шпанската фирма ЕПТИСА, која заедно со уште две македонски фирми е избрана како најповолен понудувач, од која едната е Електра солушн, каде потписник е Андон Ампов, син на Сотир Ампов, кој беше сопственик во една од фирмите дел од Конзорциумот на ИГХ, првично избрани за вршење на работата, но пропадна работата откако овој конзорциум не успеа да ја обезбеди банкарската гаранција. После овој момент Артан Груби изјавува дека тоа е добро, бидејќи наводно фирмата водела до руски пари, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека „сега во Конзорциумот кој ја добива работата ја нема велешката фирма на таткото Ампов, но присутна е фирмата на синот. Голема е веројатноста дека преку фирмите на поврзани лица, составен дел од двата конзорциуми, трагите водат до врвот на политиката во Македонија“.

ЈО мора да престане да ги штити криминалите на власта и под итно да отвори постапка. Не може да се дозволи проект за изградба на два патни коридори за кои треба да се потрошат над 1 милијарда евра да помине под сомнение за криминал, стои во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.