Ковачевски да си даде оставка, тој и ЕУ се далеку како зима и лето. Во ЕУ не се оди со криминална влада, каде тендерите и личните бизнис интереси на поедини моќници се пред доброто на граѓаните и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Ковачевски зборува за ЕУ, неговата сопруга и кум го шират бизнисот со фотоволтаици, купуваат земјиште за багатела, а неговиот коалиционен партнер Груби добива луксузни возила на користење од пријатели како да се работи за велосипед.
Ковачевски е далеку од ЕУ и заради заробеното обвинителство и судство, кои одлучуваат по партиски наредби.
Во ЕУ полицијата не чека со месеци да расветли убиство, ниту пак се краде оружје од полициски депоа.
Ковачевски е далеку од ЕУ и заради упропастеното образование, здравство и култура.
Далеку е Ковачевски од ЕУ, зошто додека тој работи за тесна клика луѓе околу него, во ЕУ работат за народот.
Ковачевски нема капацитет да ја води Македонија кон ЕУ, додаваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.