Пиунот Димитар Ковачевски ја пофали тиранската средба, а со тоа потврди дека оваа средба е на негово барање за спас на неговата и кариерата на Али Ахмети.Наместо осуда за тоа што националните интереси се дискутираат во други држави, Ковачевски со ловорики зборуваше за тиранската средба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, граѓаните бараат одговори. Што е договорено на оваа средба и какви отстапки ќе прифати Ковачевски се со цел да си ја задржи фотелјата на Илинденска.
Дали Ковачевски треба да прифати нови предавства на штета на националните интереси, или на оваа средба Али Ахмети и Еди Рама му испорачаа нови бизнис интереси кои пиунот Ковачевски беспоговорно ќе мора да ги прифати.
Димитар Ковачевски и СДС мора да одговорат каква агенда и план разработен на оваа средба добиле на маса за продолжување на агонијата и тонењето на Македонија?
Овие средби кои се организираат Ковачевски и Ахмети немаат никаква врска со положбата на Албанците во Македонија, туку само и само за криминалните интереси и богатење на поединци од власта на СДС и ДУИ.
Свесни се Димитар Ковачевски и Али Ахмети дека секој ден се повеќе ја губат довербата од граѓаните, па затоа се решени да направат се само да купат ден повеќе на политичката сцена.
Граѓаните не заслужуваат повеќе предавства од страна на оваа антидржавна власт на СДС и ДУИ, и за тоа ќе доживеат дебакл на следните предвремени парламентарни избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.