Дали Оливер Спасовски знае колку вреди еден човечки живот, прашува преку статус на Фејсбук, Наќе Чулев.
Фактот дека утрово нема никаква реакција од негова страна за полицискиот службеник кој е повреден вчера вечер на автопатот кон Скопје, говори за неговата негрижа за вработените во Министерството за внатрешни работи и останатите полициски службеници. За него, многу поважен е бројот на изречени санкции, казнети граѓани, и земени пари од џебот на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај.
Уште еден крах на безбедносниот систем е вчерашното бегство на затвореник осуден на повеќе од 20 години затвор. Настанот кој се случи вчера е уште една во низата потврди дека намената на безбедносниот систем креиран и контролиран од кадрите на СДСМ е да ги штити и да биде логистика на криминалците блиски до оваа политичка партија.
Јавноста секојдневно бара одговори на прашањата уште колку вакви настани треба да се случат, за конечно Оливер Спасовски и луѓето околу него да понесат одговорност. Сведоци сме на секојдневните криминали кои се случуваат во полицијата, уништување на безбедносните структури, деградирање на полициските службеници и ниските плати. Вчерашниот настан е уште една потврда за тоа.
Не се потребни истраги и внатрешни контроли, јасно како ден е дека спрегата помеѓу криминалот и политичарите на власта е посилна од било кога. Оливер Спасовски и партиските директори на безбедносните институции на дело ја покажуваат оваа спрега, преку секојдневните скандали кои ги гледаме во јавност.
Почитувани, животот на човекот нема цена. Тој е позначаен од било што. Од било кој ПР и од било која кариера. Одговорност и оставки мора да има. На нас, граѓаните одамна ни е преминат прагот на партиски злоупотреби, партизирани институции, криминал и корупција. Време е за промени во Македонија, пишува Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.