Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Внукот на Али Ахмети, Дрин, на само 25 години, без вложен денар се стекна со 39% од луксузниот деловен центар „Соравија“.
Никој во светот не отстапува некому 39% за џабе, сите знаат зошто Дрин Ахмети добива без пари 39% од „Соравија“.
Дрин Ахмети со друга своја фирма поседува и каменолом во Кичево, а со трета фирма концесија за мала хидроцентрала за чија изградба се потребни 1.2 милиони евра.
И додека Али Ахмети е лидер на ДУИ и пратеник, внукот на Ахмети влегува во мултимилионски бизниси, а институциите не смеат да преземат ништо.
Криминалците од ДУИ мора да одговараат. Одговорност ќе има“, се наведува во соопштението на опозициската партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.