ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да состави влада која уште на почетокот ќе биде со реорганизирани министерства како што оваа партија најавуваше во изборната кампања. Ова во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 го кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. За да го реализира ова, на идниот мандатар ќе му биде потребна двотретинска поддршка во Собранието за промена на Законот за организација и работа на органите на државната управа.
Ќе се потрудиме тоа да го направиме. Се разбира, мандатарот, односно претседателот Христијан Мицкоски, ќе се потруди да го направи во законскиот рок што ќе следува и мислам дека ќе успее како мандатар да направи една од подобрите влади“, рече Мисајловски.
Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се министерство за економија и труд, министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, министерство за социјална политика, демографија и млади, министерство за спорт, министерство за култура и туризам, како и министерство за дигитална трансформација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.