Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие ќе предложат членови за техничка влада без да го гласа Џафери, а на СДС е да одбере дали ќе ги крши законите и ќе го загрози изборниот процес

Мачно е да се гледа како Ковачевски буквално го моли ДУИ да му стане партнер на наредните избори. На добар пат е Ковачевски и Заев да ја претопат СДС во Социјадемократски сојуз на ДУИ. Дали тоа го договараа на средбата Заев, Ковачевски и Ахмети, каде единствено со тефтер за запишување на мудрите идеи дошол Ковачевски.

Ваквото политиканство е штетно.

Остануваме на ставот дека нема да гласаме за составот на Влада, а на СДС е дали ќе одбере да ги почитуваат законите или ќе ги крши, со што ги открива намерите за загрозување на изборниот процес. ВМРО -ДПМНЕ ќе предложи министри и заменици согласно законот за техничка влада, без да го гласа техничкиот премиер Џафери од ДУИ. Правото не познава предлози за министри со „празно место”, Влада не се гласа поединечно, туку во целина, вели ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.