Славјанка Петровска видно вознемирена од фактите изнесени на денешната прес-конференција заборави да каже дали таа според место на живеење е евидентирана на ул. Радишанска и дали тоа е истата улица и објект на кој се наоѓа луксузната хациенда со базен?, реагира ВМРО-ДПМНе на нејзиното барање Драган Ковачки да и се извини за тврдењето дека крие луксузна хациенда во Радишани.

Дали Славјанка Петровска гласа на избирачкото место 2948/1 во Радишани?

Доколку истото се потврди, како може да користи адреса на живеење на која не живее?

Попусти се сите обиди за дефокус. Во интерес на јавноста и со цел вистината од која Петровска бега да ја докажеме, во прилог ви испраќаме евидентен лист од Агенцијата за Катастар на недвижности, од кој се гледа дека објектот на ул. Радишанска, луксузната хациенда е евидентирана на име на Петровска.

Факт е дека Петровска доколку ја продала хациендата тоа ќе било прибележано во Катастарот. Што не е случај со нејзиниот имот заведен во Катастарот.

Очекуваме Петровска да каже кога ќе ја донира хациендата на здруженијата на бранители од 2001 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.