Дарко Каевски од голтар преку функционер од СДСМ до милионер – на само 30 години 4 милиони на сметка и стан, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Дарко Каевски има само 30 години, а во банка има 4 милиони и стан од 60тина квадрати на свое име.
Каевски за разлика од неговите врсници кои едвај преживуваат имал среќа да биде функционер од СДСМ, пратеник и директор на АМС. Но и тоа не го оправдува неговиот имот, зошто така ако не трошел ниту денар од своите примања 6 години можел да го купи само станот, но не и 4те милиони на сметка.
Каевски нема оправдување за својот имот. Исто како што немаат оправдување ниту Зоран Заев, ниту Димитар Ковачевски.
ДКСК да отвори случај и да утврди како Каевски на само 30 години се стекнал со 4 милиони на сметка и стан, и дали за тоа ја злоупотребил функцијата?!, се вели во соопштението на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.