Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт. Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт заобиколувајќи ги законските процедури извршил распределба на пари преку така наречените ваучери до клубови и федерации, кои одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Каевски е фатен на дело, и веќе на сите им е јасно зошто излегуваше и ширеше лаги и манипулации во јавноста. Тоа се кадрите на СДС, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат:
Време е Македонија да се ослободи од криминалците како Каевски. Време е да ја вратиме Македонија на народот. Македонија повторно твоја!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.