Вчерашните вести за извештаите на Државниот завод за ревизија за беззаконието во работата на Општина Арачиново е само уште една шлаканица за граѓаните и државата, каде СДСМ и ДУИ ги претворија сите закони и државни органи во алатки за корупција, криминал и беззаконие, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Потсетуваат дека уште пред две години кога Комисијата за локална самоуправа алармираше за незаконското работење на Општина Арачиново, каде во мај 2021 година го посочиле незаконското и криминално однесување на градоначалничката на Арачиново и кадар на СДСМ, Миликије Халим и феноменот со 0 % наплата на Данок на имот во општината.
„Со последниот извештај само се потенцираше овој податок, но и многу други незаконитости и неправилности во работата на Општина Арачиново во 2021 година, како што се:
– Ненаплаќање на комуналните такси (данок на имот, комуналии, данок на промет…) кои се основен извор за финансирање на работата на општините;
– Изградба на објекти без издавање на ниту една градежна дозвола
– Незаконско трошење на општински средства
– Незаконско давање на заеми и аванси на лица, како и бришење на истите без да се вратат
– Никакво водење на евидентни листи за присуство на советници на одржани седници на Совет, исплата на паушали без никакво покритие.
– Расфрлање со средства за репрезентација во висина од 10.000 евра, трошени незаконски по кафеани и ручеци
– Неконтролирано точење на гориво во приватни возила.“, е наведено во соопштението од партијата.
Во меѓувреме, како што додаваат, никој од општината ниту одговара за ваквото „работење“, што претставува отворен грабеж на граѓаните, корупција на системот, секако со амин и дозвола на централната власт.
„За потсетување, за да биде лицемерието на криминалната банда СДСМ-ДУИ уште поголемо, тие не бираат средства за саботажа и блокада на општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ.
Така, сведоци сме на секојдневни блокади на капиталните проекти во општините каде локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, секојдневни хајки и тенденциозни инспекции, никаква помош за справување со светската енергетска криза“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.