Монструмот Палевски доби медиумска моќ и чувство на недопирливост од подкастите со неговата банда. Со години Палевски е во етерот, ширејќи говор на омраза, добивајќи закрила од власта и наметнувајќи се над другите. Тој и неговата банда шиканираа луѓе, изнудуваа пари и наметнуваа влијание, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што Палевски со години не е санкциониран, иако повикувал на јавни линчувања и навредувал, е доказ дека бил заштитен од врвот на власта. Палевски и неговата банда повикуваа на тепање на луѓе, и сето тоа со години поминуваше неказнето. Како е возможно толку долго и со такви кривични дела Палевски да е на слобода и толериран? Зошто беше пуштен на слобода откако јавна тајна е дека со нелегално огнено оружје е фатен како копа злато во Демир Капија пред неколку месеци? Зошто има толку големи пропусти во истрагата на велешката полиција за убиството на велешанецот Панче? Палевски кој располагал и со бомби добиени од СДС со помош на неговата банда се чувствуваше недопирлив, се наведува во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека таквата атмосфера која беше креирана со години од страна Палевски и неговата банда со медиумска платформа е една од причините за неговото однесување, чувството на неказнивост и семоќност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.